Dimitar Kovacevski
На вториот дел од денешниот состанок на парламентарниот пленум на европската енергетска заедница кој се оддржа во Европскиот Парламент во Брисел покрај претставниците на земјите дел од енергетската заедница во дискусиите се вклучија и членови на европскиот парламент од земјите членки на ЕУ. Разговаравме за интеграција на електричната енергија произведена од обновливи извори.
Интеграцијата на земјите членки на европската енергетската заедница на пазарот на електрична енергија на ЕУ е од суштинско значење за
постигнување енергетска сигурност, пазарна ефикасност и енергетска транзиција.
Функционален регионален
пазар на електрична енергија ќе ја олесни интеграцијата на обновливите извори на енергија и ќе ја намали зависноста од фосилни горива.
Подобрата интеграција на ОИЕ е клучна за обезбедување на ефективна и оптимална декарбонизација на патот кон климатска неутралност до 2050 година.
Зајакнувањето на регионалната соработка и прекуграничната трговија со електрична енергија, заедно со инвестициите во мрежата ќе биде клучна за
стабилноста на енергетскиот систем.
За да се забрза оваа транзиција, европската енергетската заедница промовира низа инструменти
воведена во Директивата за обновлива енергија (REDII), како што се шемите за поддршка, договори за набавка на електрична енергија и гаранции за потекло. Истите се од суштинско значење за поттикнување инвестиции, обезбедување транспарентност и верификација на произведената енергија од обновливи извори. Дополнително, REDII овозможува поголем ангажман на граѓаните преку обновливи извори и енергетски заедници, поттикнувајќи подецентрализиран и инклузивен енергетски систем.
Заклучивме дека парламентите имаат значајна улога во обликувањето на регулаторните рамки за поддршка на интеграцијата на обновливите извори на енергија, во поттикнувањето дебата за политиките и да осигураат дека потребните политики и стимулации ќе бидат навремено донесени.
Законодавното дејствување игра одлучувачка улога во унапредувањето на енергетската транзиција преку поттикнување средина поволна за инвестиции, зајакнување на регионалната соработка и усогласување на развојот на мрежата со долгорочните цели за декарбонизација.
